Триесет училишта во Скопје и 17 во Куманово вчера примија закани за поставени бомби, за кои Министерството за внатрешни работи вели дека биле лажни. Заканите, во училиштата пристигнале преку електронска пошта, во попладневните часови кога се одржувала втората смена на часови. По дојавите сите активности во тие училишта се прекинати, а децата испратени дома.

„Во СВР Скопје и СВР Куманово вчера околу 18 часот пријавено е дека на емаил адресите во 30 училишта во Скопје и 17 училишта во Куманово пристигнати се пораки за наводно поставени експлозивни направи во училишта. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави“, информираат од МВР.