fbpx

Лажна вест за ширење зараза ги вознемири штипјани

-

Веста објавена денеска од некои медиуми, дека 65-годишна жена од Штип починала од опасна заразна болест што се шири, презвика вознемиреност меѓу граѓаните на Штип. Всушност, веста е од септември годинава, кога жената почина како последица на лајшманиоза, болест која се шири преку инсекти, а изворот на заразата се заболени кучиња. Но, во очи на дочекот на Нова Година, оваа информација го крена алармот во градот.

Од Центарот за јавно здравје соопштија потврдија дека имало смртен исход од оваа болест, но пред четири месеци. Во меѓувреме, од лајшманиоза заболеле уште тројца, од кои две се деца.

Од Центарот апелираат дека надлежните треба редовно да вршат дезинсекција или да се справат со кучињата, кои се резервоар на предизвикувачот. Паразитот, кој ја предизивкува болеста, остава тешка клиничка слика.

Дијагностцирањето и лекувањето треба да биде навремено.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...