fbpx

Лажна наградна игра: КАМ маркети не доделуваат ваучери од 500 евра

-

Неколку показатели укажуваат на тоа дека наградната игра е лажна. Прво, истата не доаѓа од официјалната страница на КАМ маркетите од којашто компанијата секојдневно комуницира со потрошувачите. Официјалната страница на КАМ има 300 илјади следбеници, наведени се адресите на маркетите, официјалните контакти…За разлика од неа, лажната страница  има само деведесетина следбеници и единствена содржина е измислената наградна игра, пишува Вистиномер.мк.

 

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Се сака победник.

Регистрирајте се и побарајте ја вашата награда со кликнување на врската подолу. Денес тимот на Кам маркет нуди ваучери од 500 евра на првите 500 луѓе кои знаат друг број освен 298.

Сите победници ќе бидат директно контактирани од тимот. Купоните може да се користат кај било кој од нашите агенти!

Објавата има над илјада споделувања,  190 допаѓања и над илјада коментари. Тоа зборува за виралноста на самиот пост. Линкот кој е оставен во склоп на постот, води до страница за која лажно се наведува дека е „официјалната страница на Кам маркети“. Дополнително, на таа врска се наведува невистинита информација дека неа може да ја отвори „само победникот“, на таков начин оставајќи невистинита импресија за корисниците дека штом го отвориле самиот линк за таканаречената „регистрација“, сигурно се победници во „наградната игра“. Истите се доведени во заблуда дека „ќе бидат контактирани за 24 часа штом се регистрираат“.

Целта на оваа измамничка објава е корисниците на Фејсбук да ги споделат своите лични податоци (име, адреса и мејл адреса) со лажно ветување дека во замена за тоа ќе добијат награда. Во случајот е злоупотребен  брендот на КАМ маркети и самата страница. Текстот во објавата не доаѓаат од страна на КАМ маркетите, а наградите кои се ветени се само „мамка“ и никогаш не се доставуваат на корисниците. Дополнително, причината поради којашто постот е толку вирален, е и тоа што корисниците се наведуваат да ја споделуваат објавата во 10 до 15 Фејсбук групи, со што лагата станува уште пораспространета.

Неколку показатели укажуваат на тоа дека наградната игра е лажна. Прво, истата не доаѓа од официјалната страница на КАМ маркетите од којашто компанијата секојдневно комуницира со потрошувачите, презентирајќи им различни промоции, производи. Официјалната страница на КАМ има 300 илјади следбеници, на неа се наведени адресите на маркетите, официјалните контакти, се промовира и отворањето на нови маркети…

За разлика од неа, страницата од која се споделува невистинитата наградна игра има само деведесетина следбеници и единствената содржина којашто е претставена е лажната „наградна игра“.

Вистиномер повеќепати пишуваше дека различните брендови на етаблирани супермаркети од земјава и странство, како и производители на мебел, се злоупотребуваат за цели познати на креаторите на овие лажни наградни игри. Станува збор за постови во кои се бараат лични податоци од корисниците, оставање на коментар од еден збор и лажни ветувања за награди, а сето тоа спроведено со злоупотреба на познати логоа и брендови на кои граѓаните им веруваат. За разлика од ваквите невистинити наградни игри, официјалните наградни игри имаат услови и правила за учество кои се наведени во посебни документи.

Поради сите горнаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...