fbpx

Лажна наградна игра: ИКЕА не прославува 50-ти роденден и не подарува софи

-

Оваа објава во којашто се злоупотребува брендот на ИКЕА изобилува со правописни грешки, а самата страница од каде што се споделува наводната наградна игра, е наменски креирана со цел да се шири измислената содржина. На Фејсбук страницата нема никакви контакт информации, ниту пак, официјални адреси, промоција на асортиман производи од колекциите за мебел на ИКЕА. Исто така, во 2023 година, спротивно на невистината изнесена во постот, Икеа не прославува 50 години, со оглед на тоа што е формирана во 1943 година и оттогаш се поминати 70 години, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува лажна наградна игра, а за цел во неа да поверуваат што поголем број на корисници, се злоупотребува брендот за мебел ИКЕА.

За да го прослави 50-тиот роденден на ИКЕА, тимот на @IKEA испраќа 800 специјални пакети со подароци на Софа до сите што ќе им посакаат „ЧЕСТИТКИ“ пред 10-ти јануари. Среќа!, пишува во постот.

Како што е евидентно од самата објава, таа изобилува со правописни грешки, но тоа не е единствениот индикатор дека станува збор за непостоечка и невистинита наградна игра. И самата страница од каде се споделува овој повик, е наменски креирана со цел да се шири оваа содржина, којашто е единствениот пост на оваа страница на Фејсбук.

Во коментар под постот, се споделуваат наводните правила за наградната игра, со кои од учесниците се бара да ја лајкнат страницата, да ја споделат во други групи и со пријатели и дека ако имаат среќа ќе добијат приватна порака за тоа дека се добитници. Меѓутоа, единствената цел за овие правила, е страницата да добие поголем број на следбеници, после што најверојатно нејзиното име ќе биде променето и таа ќе биде продадена или отстапена на друг субјект којшто ќе може да таргетира свои клиенти преку дигитален маркетинг.

Самото контактирање односно описот дека добитникот на наградата ќе биде контактиран во приватна порака е показател за тоа дека се нема план добитниците да се објават јавно, а сè со цел никој да не се посомнева, дека наградата нема воопшто ни да се додели.

На Фејсбук страницата каде што се споделува оваа објава, нема никакви контакт информации, ниту пак, официјални адреси, промоција на асортиман производи од колекциите за мебел на ИКЕА. Оваа страница на никаков начин не е поврзана со ИКЕА. Станува збор за едноставно злоупотребување на брендот, заедно со фотографии од мебел, кои и претходно биле користени за слични цели, со цел страницата да добие лајкови од корисниците на Фејсбук. На страницата нема ниту рецензии од купувачите.

ИКЕА не доделува софи за 800 луѓе коишто ќе им го честитаат педесеттиот роденден пред 10 јануари. Во 2023 година, спротивно на невистината изнесена во постот што го рецензираме, Икеа не прославува 50 години, со оглед на тоа што е формирана во 1943 година и оттогаш се поминати 70 години.

Вистиномер и претходно рецензираше голем број на невистинити постови во кои на сличен начин се таргетираа граѓаните да поверуваат во лажни наградни игри, сето тоа на сметка на злоупотребата на брендови и нивните логоа.

Ова е вторпат во рок од неполни два месеца, брендот ИКЕА да биде злоупотребен на начин што се користи во лажна наградна игра. Слични објави имаше и за маркетите Киппер, 

Во лажна наградна игра злоупотребен беше и брендот на Техномаркет.

Сличен е начинот на мамење на корисниците на социјалните мрежи и со неименувани брендови кои наводно ќе доделат велосипеди ако корисниците на Фејсбук остават коментар. И таа наградна игра беше лажна, а во неа се користеа слики од интернет воопшто неповрзани со каков било бизнис во Македонија.

Најважните параметри преку коишто корисниците на социјалните мрежи може да откријат дали наградната игра во која учествуваат е вистинита или лажна, е тоа од која страница доаѓа. Официјалните страни на компаниите се секогаш тие коишто се вклучени во официјалниот маркетинг и евентуалното доделување награди. Тие никогаш не користат прокси Фејсбук страници бидејќи за тоа немаат потреба, бројот на следбеници на официјалните страници им е голем, експонираноста и присутноста кај потрошувачите преку официјалните страници им е на завидно ниво, па затоа не би имале потреба да креираат нови.

Поради сите горенаведени факти, постот  го рецензираме го оценуваме како невистинит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...