Лажна е фотографијата со холивудскиот знак во пламен

-

Организацијата која го одржува знакот и управува со своите веб-камери, објави на Инстаграм дека фотографиите на споменикот во пламен се лажни

Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од знакот Холивуд во Лос Анџелес како гори во пожарите кои го зафатија овој град.

Гори министерството за култура на САД, стои во описот на фотографијата.

Но, фотографијата е лажна, односно креирана со помош на вештачка интелигенција, пишуваат сервисите за проверка на факти на Ројтерс и АФП.

Новинарите на АФП кои биле на лице место во Лос Анџелес на 10 јануари, потврдиле дека историскиот знак на Холивуд не бил запален.

Тие на 9 јануари направиле фотографии од знакот на кои се гледа дека тој не бил зафатен од пожарот.

И фотографиите направени од фотографот на Ројтерс, Карлин Стихл, на 10 јануари исто така, го покажуваат знакот недопрен, без пожар во близина.

Џеф Заринам, претседател на Холивуд Сајн Траст, во изјава за АФП и Ројтерс рекол дека холивудскиот знак „не бил засегнат и е безбеден“. Паркот Грифит, каде што се наоѓа знакот Холивуд, е привремено затворен како безбедносна мерка, додал тој.

Организацијата која го одржува знакот и управува со своите веб-камери, објави на Инстаграм дека фотографиите на споменикот во пламен се лажни.

Сивеј Лиу, директор на Медиумската форензичка лабораторија на Универзитетот во Бафало, изјави за АФП дека фотографијата од знакот во пламен, која ја содржи објавата што ја анализираме, е лажна, бидејќи структурите зад буквите на знакот се погрешно усогласени споредено со автентичните фотографии на обележјето.

Дека фотографијата е лажна заклучиле и проверувачите на факти од Политфакт и Фулфакт.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме е невистинита.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување на правата...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување...