Лажна дојава за бомба во фирма во општина Илинден

Екипи на СВР Скопје и Единицата за антитероризам извршиле проверки, но не била пронајдена експлозивна направа, односно констатирано е дека станува збор за лажна пријава, кажуваат од МВР за Мета.мк 

-

Вработена во фирма во општина Илинден, утрово во 08.20 часот во СВР Скопје, пријавила дека на службената е-адреса ѝ стигнала порака дека во фирмата е поставена експлозивна направа. 

„Екипи на СВР Скопје и Единицата за антитероризам извршиле проверки, но не била пронајдена експлозивна направа. Утврдено е дека станува збор за лажна дојава“, потврдија за Мета.мк од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Светските лидери му ја честитаа победата на Доналд Трамп

Светските лидери му ја честитаа победата на идниот претседател Доналд Трамп по победата на претседателските избори во САД, кој наскоро ќе се врати во Белата куќа по четири години. Претседателот...