fbpx

Лажен оџа од Кочани обвинет за полов напад на деветгодишно девојче

-

Во два наврати, на 23 и 24 ноември во стан во Гостивар, Р.Л. 37-годишен жител на Кочани извршил полово дејствие врз девојче родено 2012 година. Мајката на девојчето го повикала осомничениот кој се претставил како оџа и побарал да остане сам со детето-жртва во собата за да пее и да го „лекува“ од црни магии и притоа ја принудил на други полови дејствија, соопшти Јавното обвинителсво.

Според, ЈО, оштетената од страв во прв момент не кажала ништо на мајката. Кога на 5 декември мајката сакала по третпат да го повика осомничениот, девојчето вознемирено раскажало што му се случува, по што настанот бил пријавен во полиција.

Според досегашните информации на истражните органи истиот осомничен, заедно со Е.И.(32) и С.А,(24), соизвршители од Гостивар, измамиле и друга оштетена. Првопријавеното лице, во договор со другите двајца, на оштетената исто така ѝ се претставило како оџа кој ќе ѝ помогне да ги тргне магиите од нејзината куќа. Во повеќе наврати тројцата ја убедувале дека за да ги отстранат магиите треба да откопуваат различни предмети од гробишта и со тоа ги влечат магиите од неа и од нејзиниот дом. За услугата ѝ наплатиле вкупно 98.000 денари. Кога почнале да се договараат за нова средба, оштетената се посомневала дека е измамена и ги пријавила.

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Против истото лице, како и против двајца други осомничени соизвршители, поведена е постапка и за кривично дело – Измама согласно член 247 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Р.Л. е изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар, кој му определил мерка притвор од 30 дена, по што денеска (07.12.2021) е спроведен е во Казнено-поправната установа Затвор „Скопје“ во Скопје за издржување на притворот,соопши Министерството за внатрешни работи. За останатите двајца осомничени се предложени мерки на претпазливост.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...