Лажен мотивациски Гуру?

Џеј Шети (Jay Shetty) е моментално еден од најпопуларните мотивациони говорници со милиони следбеници и прегледи на YouTube, Фејсбук и Инстаграм. Тој се етаблираше на светската мотивациона сцена како бивш монах кој е спиритуално разбуден и има многу мудрости да сподели со светот. Но од неодамна е обвинет дека голем дел од содржините кои ги објавува на социјалните медиуми се плагијат, мисли украдени од други писатели на кои Џеј само го допишува своето име и ги објавува како да се негови оригинални содржини. Овие обвинувања беа објавени од страна на исто така позната јутуберка Никол Арбор која во незиното видео објавува докази зошто смета дека обвинувањата се точни.

Најголемиот дел од содржините кои тој ги објавува е во видео форма, најчесто како рецитира инспиративни мисли за кои е овинет дека не се негови оригинални мисли, а сепак на крајот се потпишува како автор на истите. Плагијаторството е сериозен проблем во денешниот дигитален простор, но многу ретко се зборува за него. Доколку студент на факултет предаде семинарска работа во која има плагијат тој студент би бил казнет, а можеби и суспендиран, но на интернет веројатно овие правила не важат. Џеј Шети како резултат на содржините кои ги објавува на социјалните медиуми во последните 2 години заработил милиони. Годинава Фејсбук објави дека само од реклами на неговите видеа на Фејсбук, Џеј заработил милион долари. Дополнително се најде на листата на Форбс на 30 најдобри под 30 години, има чести ангажмани како мотивациски говорник, а се појавил и на многу популарни емисии како на пример шоуто на Елен.

Шети сеуште нема официјално одговорено на овие обвинувања.