fbpx

Лазаревик: Кампањата за лекови е непотребна и со краткоратен популистички ефект

-

За подигнување на свеста на граѓаните за рационална употреба на лекови, Владата ќе потроши 468.000 евра.

Парите ќе им бидат дадени на три маркетинг-агенции кои треба да смислат кампања, која потоа ќе бидат пласирана преку медиумите.

Поранешниот заменик-министер за здравство, Владимир Лазаревик, смета дека оваа кампања е целосно непотребна, нема да даде никакви резултати и само ќе послужи за постигнување на некои други цели кои немаат врска со здравјето на граѓаните.

– Ние во „Хелтгрупер“ со години се залагаме секоја промотивна кампања да има свои очекувани резултати кои треба да бидат јасно мерливи. На пример, ако сега Владата прави кампања за рационално користење лекови, ние мора да знаеме на кој начин ќе го процениме ефектот од таквата кампања. Мора да знаеме кои биле другите алтернативи што стојат на располагање, како што е едукацијата на лекари преку центрите за семејна медицина, преку Македонското лекарско друштво и слично. Вака, со трошење толку голема сума пари, за потреби кои, повторно ќе нагласам, имаат само краткорочен популистички ефект, само привидно се залажуваат граѓаните дека нешто се прави, а, во основа, нема никаков ефект – смета Лазаревик.

Според него, популизмот не дава резултати во подобрување на животниот век на граѓаните, во намалување на смртноста на доенчињата и во индикаторите што влијаат врз здравјето на луѓето.

– Ние сме сведоци дека во изминатите години Владата се надмина во спроведување популистички проекти во форма на рекламни кампањи, кои не даваат никаков резултат. Во заднината на тие потези се крие нешто сосема друго, а тоа е елегантен и нетранспарентен начин како да прикажете дека нешто работите, а за тоа нешто да не можете да им влезете во трага на парите – смета Лазаревик.

Според извештајот на ФЗОМ за потрошувачка на лекови на рецепт, лани граѓаните подигнале лекови на 19 милиони рецепти, што е зголемување од претходните две години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...