Русија ќе ги продолжи операциите во источниот дел на Алепо и ќе го спаси градот од терористи, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, за време на неговата посета во Турција.

На заедничката конференција за новинари, по состанокот со турскиот колега Мевлут Чавушоглу во Анталија, Лавров рече дека Русија ќе продолжи да вложува напори за да се овозможи доставување на хуманитарна помош во Алепо.

Чавушоглу рече дека со Лавров се согласил за потребата од примирје во Алепо и во другите делови на Сирија, но напомена дека ставот на Турција за сирискиот претседател Башар ал Асад е јасен.

Русија е главниот поддржувач на Асад, додека Турција ги поддржува бунтовниците кои се борат да го соборат од власт.