fbpx

Лани пораснал бројот на поднесени жалби за прекршување на пристапот до информации од јавен карактер (инфографик)

-

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер лани регистрирала 755 жалби против молк на имателите на информации или против управни и реални акти на првостепени органи, што е за 133 повеќе во споредба со 2018 година. Зголемувањето на поднесените жалби за прекршување на правото на пристап до информации од јавен карактер е забележано во Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2019 година, која е законски следбеник на Комисијата.

Бројот на поднесени жалби во текот на минатата година е речиси идентичен на оној во 2017 година, но е помал од рекордниот број на доставени жалби во 2015 (960) и во 2012 година (1.225). Притоа, дури 677 од вкупниот број на жалби што се поднесени лани се однесуваат на молчењето на управата.

„Интересно е дека најголемиот број од жалбите (411) се поднесени против здравствени организации и тоа од страна на исто здружение на граѓани, во рамки на спроведување на негови проектни активности“, се вели во Годишниот извештај за 2019 година на Агенцијата.

Во останатите случаи, жалбите поднесени до Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер се однесуваат на против одговорите доставени од имателите на информации од јавен карактер (59), против Решенијата за одбивање на пристапот до бараната информација (16) и 3 жалби се поднесени против донесениот Заклучок од страна на имателите на информации.

Правните и физичките лица во поднесените жалби најчесто искажуваат незадоволство против имателите на информации во врска со барањата што се однесувале на евиденции и извештаи за спроведени јавни набавки и годишни планови за јавни набавки, информации за добиени и потрошени буџетски средства по програми кои третираат заболувања и третман на одредени категории лица, биографии на членови на надзорни и управни одбори и висината на нивните надоместоци, информации за огласи и постапки за вработувања и друго.

Најголем дел од пристигнатите жалби до Комисијата се решија на почетокот од 2020 година од новоформираната Агенција за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, а доцнењето на нивното решавање е токму поради долготрајната блокада на изборот на новиот директор на Агенцијата во македонското собрание и нецелосната екипираност на Комисијата.

Во Годишниот извештај за 2019 година на новоформираната агенција се повторува нивната потреба за квалитативно кадровско доекипирање, но и посилна буџетска поддршка како би можела самата агенција да пристапи кон јакнење на развојната страна на работењето.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК). Претставката...