„Landscape experience“ на Роберт Јанкулоски ќе биде годинешниот македонски претставник на Венециското биенале на уметноста

Фото: Министерство за култура

Во соработка со Моника Мотеска и Националната галерија на Република Северна Македонија, проектот „Landscape experience“ на Роберт Јанкулоски е избран за официјален претставник од Македонија на 59-то Венециско биенале на уметноста од страна на стручна комисија при Министерството за култура.

Венециското биенале на уметноста годинава ќе се одвива во периодот од 23 април до 27 ноември.

Проектот е претходно пријавен на конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата од областа на меѓународната дејност за учество на Република Северна Македонија на Интернационална ликовна изложба во Венеција во 2022 година, во организација на „La Biennale di Venezia“.

Темата на овогодинешното биенале на уметноста е „Млеко од соништата“, а „Landscape experience“ од стручната комисија е опишан како соодветен одговор на темата што низ јукстапозиции поставува нови пејзажи, реални, а имагинативни; локални и национални, а сепак универзално препознатливи. Нивните сублимирани сцени, објекти, видеа и просторна инсталација го сугерира односот тело-природа, човек-технологии, човекот како несовршено суштество и негова когнитивна симбиоза со останатиот жив свет и околина. Целиот проект е развиван и објаснет низ квалитетен материјал и портфолио со умешноста на авторот и кураторката, Ана Франговска.

Венециското биенале денес е една од најпрестижните културолошки институции во светот. Првата Интерационална ликовна изложба во Венеција, Италија била одржана во далечната 1895 година. Ова светски реномирано биенале за современа уметност често се нарекува и „Олимпијада на уметноста во светот“ со тоа што учествуваат многу учесници од различни држави