Лајбах ревизитед: Хипноза во Филхармонија

Репортажа од концертот на словенечкиот бенд Лајбах во Скопје на 04 март 2025 година во рамки на Таксират, како дел од турнејата Опус Деи ревизитед

-

Доцниме. Девет минути. Нема никој на „миланските“ скали на Филхармонија.

Овде ли е концертот?

На врата луѓе во црно, ама „наши“, опуштени.

Тит-тит баркодот и продолжуваме по речиси празното фоаје на филхармонија од Скопје 2014 – реткото (сосе катната гаража карши Автомакедонија) модерно здание од време груево.

Музиката се слуша… почнале.
Влегуваме во сала, последни.
Утре сите ќе викаат дека ме виделе на концерт. Јбг.

Не почнале… ама ритамот на „Лајф ис лајф”, или “Либен хајст либен” тера во позадина.

До 20:15 бевме оставени балкански да си промуабетиме и да видиме кој сè дошол, како во кино „Култура“ едно време.

Влегоа силно, само со музичари и спот. Земјотресно, со ултакратки реминисцентри кадри, па комбинации на четири ликови, различни во секој кадар, од Линколн до Ленин, од Тито до Сталин, и се разбира Доналд, додека во позадна ечеше верзија на Vier Personen, што ја дожиевеав како должен трибјут на Крафтверк. Дента пред концертот неколку пати кажав Крафтеверк место Лајбах.

Пасош?
НСК?
Да, имам. Од 1994.
Да, знам кои се Лајбах.

И така. Дојде фраерот, со имиџ, со брк, со став.

Од Крафтверк, преку Рамштајн до Сигур Рос, со поп-нитки тук-таму.

Država.
Mi kujemo bodočnost.

Сурови слики од нашето ексју минато, техношките револуции и американската работничка класа од педесеттите. Репетитивни хипнотички ритми на фабричка лента. Индастријал џез. Флешови.

Адреналинска инекција, заедно со сетилно предизвикана физичка парализа.

За нив, невообичаено нагласено комуницирање со публиката. Светла кои ослепувачки трепкаат во нашите очи, те усогласувајќи се со звукот, те намерно испокршено комуницирајќи со музиката.

На овој концерт светлата беа свртени кон публиката, а во спотлајт понекогаш ќе се најдеа вокалите или музичарите со „солото“.

На екранот: текст за публиката, ама без караоке провокации, туку наменски англиски превод од вокалниот словенечки.

Сè до „интермецото“.

Да, имаше пауза, како да ја гледаме „Глембаеви“ во МНТ.
На пауза, сите помалку поместени од оска, потресени и енергизирани. Мали средби, случајни препознавања.

Не брзаме, секој си има место. Не е тоа 41 до Драчево. Ни требаше време, ама ете навикнавме. Станавме и ние некакви Словенци.

Тука некаде некој се пошегува дека се плаши ако се сврти дека ќе го види пратеникот што седеше зад нас, станат со косо дигната рака.

Вториот дел од концертот прошетаните ексјугословени го тераа со нагласени емоции, пред сè преку вокалот на Швеѓанката Marina Mårtensson.

Четири „личности“ и… жена, пејачка, дива. Да не го заборавам и тајниот член, Јани Новак, лидерот на бендот кој се грижи за сценските ефекти.

Секој обид црвенкоста дива да нè раздвижи, ни се врати како казна, како горка измама… Во филхармонијата се седи како во кинески автобус, имате место само срамежливо да аплаудирате.

Потпирачот меѓу седиштата го користи или комшијата или вие. Не е можно двајца одеднаш. Залудно Швеѓанката нè тераше на „раце горе“.

Единствена утеха за нашата фотељашка заробеност како публика беше дека тие и така не се „Црвена јабука“ и не мораме да бидеме „весели“.

Опус деи е набиен албум, па нè „опуштија“ со мал „Капитал“, за преку деловите од „НАТО“ како “Alle gegen alle” да нè вртат во нивниот филм.

Моќно звучеше и химната на државата НСК, The Great Seal со говорот на Винстон Черчил од 1940 година: We will fight on the beaches …

Низ глава ми проаѓа: „свиреа во Северна Кореа неодамна. Првиот нивни коцерт ми беше пред 20 или 30 години. 20. Не бе 30. Епа 1994, на Саем“.

Назад во колективата хипноза, нагласена улога на музичарите, концерт во зрела фаза.
Преку целоприсутното кокетирање со публиката до ниво на релаксирана патетика во I Want to Know What Love Is, црвенокосата Швеѓанка извади телефонче и почна да нè снима, а екранот позади нив да нè прикажува. Ние – публиката, ја пеевме поп баладата на „Форинер“, а тие ни свиреа.

Знаевме дека ќе ги вратиме на бис, барем еднаш, ако не и двапати.

Последната песна беше за војна. Не ја знаев. Сино жолти рушевини. Подоцна проверив дека станува збор за преработка на Strange Fruit од Били Холидеј.

Оставија гитари, цевки, гудала и клавиши и се упатија назад кон Триглав… преку Атина, Софија и Белград.

„Дис ис ди енд, си ју аген“, пишуваше на екранот во целосната темница.
Па, пред неколкумина да се насмеат, излезе „… ин хел“.

Добар концерт, одличен перформанс, фини луѓе.

Пишува: Зоран Ричлиев

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата македонска култура. Прославата...

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата...