fbpx

Лабуништани: Или дислокација на каменоломите или блокираме патишта

-

Лабуништани денес го одржаа најавениот протест против постојните каменоломи лоцирани во непосредна близина на селото, нарекувајќи го последно предупредување до властите пред да го радикализираат отпорот поради, како што велат, огромното загадување кое го трпат. „Овојпат упатуваме порака директно до премиерот Зоран Заев да не прими за да му ја објасниме сериозноста на нашата ситуација, но и нашата решителност да не попуштиме се додека не се затворат каменоломите кои го уништуваат нашиот крај“, изјави за „Мета.мк“, Алим Салоски, од здружението „Натура Лаб“ од Лабуништа. „Доколку Владата не превземе ништо, ние сме решени нашиот револт да го изразиме преку блокирање на патиштата, преку граѓанска непослушност и други радикални методи“, додава тој.

Денешниот протест се случи истовремено со преговорите кои делегацијата од Лабуништа ги имаше со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко и со други претставници на локалната самоуправа, а на која биле викнати и претставници на концесионерите на петте активни каменолома кои се наоѓаат на само неколку стотици метри од првите селски куќи. И, додека се очекува исходот од преговорите, Салоски појаснува дека со концесионерите на каменоломите ќе се дискутира околу предлогот да се дислоцираат од реонот на Лабуништа, а за сметка на тоа да и бидат доделени други локации за експлоатација на каменот во дебарскиот крај.

Струшкото село Лабуништа има околу 9 илјади жители, а заедно со околните населени места има околу 16 илјади жители кои, според „Натура Лаб“ се изложени на загадување од каменоломите, чијашто прашина влегува во нивните бели дробови и им ги загадува нивите на кои произведуваат храна. Оттаму се прашуваат како воопшто било можно Општина Струга на овие каменоломи како огромни загадувачи воопшто да им издаде Б интегрирани еколошки дозволи за работа толку блиску до нивните живеалишта.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...