fbpx

Лабораторијата на МЖСПП наскоро ќе се санира, догодина стартува акредитацијата

-

Избрана е фирмата која треба да изврши реконструкција и санација на просториите на Централната лабораторија на Министерството за животна средина што е предуслов за да почне процесот за акредитација на лабораторијата. Фирмата „Свеан Инвест ДОО Скопје“ треба во рок од две недели, поточно до 20 декември да изврши реконструкција и адаптација на просториите на Централната лабораторија на МЖСПП, сместена во скопска Железарница, кои досега беа во многу лоша состојба. Овој зафат ќе чини 41 илјада евра и претставува предуслов државната лабораторија, која досега не беше акредитирана за својата дејност, да го почне процесот на акредитација.

Како што „Мета“ веќе пишуваше, Процесот на акредитација ќе биде долготраен и освен уредувањето на просториите на Централната лабораторија треба да опфати и доопремување на сегашната апаратура и инструменти, а потоа и избор на консултантска куќа која треба да го води процесот на акредитирање на методите за работа на лабораторијата.

Партијата ДОМ вчера објави дека министерката за финансии Нина Ангеловска го прифатила нивниот амандман на државниот буџет за 2020 година со кој државата ќе издвои дополнителни 5 милиони денари за акредитирање на Централната лабораторија. Во оваа лабораторија, се вели во соопштението на ДОМ, досега беа веќе вложени средства за техничка опрема и стручен кадар, но таа беше надвор од употреба и се користеа услуги на неколку приватни акредитирани лаборатории што оставаше сомнеж во причините за недовршување на процесот на акредитација на една државна лабораторија, која ќе биде контролор на испитувањата за загадување од индустриските капацитети и од други извори.

Од ДОМ сметаат дека со ова ќе се отстранат сомнежите за можни непринципиелни договори помеѓу одредени индустриски инсталации, приватни акредитирани лаборатории и претставници од институциите.

Процесот на акредитација на Централната лабораторија треба да опфати и доопремување на сегашната апаратура и инструменти, а потоа и избор на консултантска куќа која треба да го води процесот на акредитирање на методите за работа на лабораторијата. Откако ќе биде акредитирана, Лабораторијата на МЖСПП ќе биде важна алка во синџирот на заштита на животната средина помагајќи им на инспекциите за животна средина во утврдувањето на тоа кој, колку и каде загадува.

Акредитирање и ставање во функција на Централната лабораторија беше и едно од барањата од т.н.р. „Зелена книга на граѓанските здруженија“, организатори на „Маршот за чист воздух“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...