fbpx

Лабораторијата на МЖСПП е неопремена и неакредитирана ама зафатена со годишни одмори

-

Со намера да ја посети лабораторијата на Министерство за животна средина и просторно планирање за да пишува за тоа како функционира овој сегмент од витално значење за следењето на нивоата на загадување во државата и со кои проблеми се соочува, „Мета“ пред дваесетина дена се обрати до надлежните во Министерството, но барањето беше одбиено, односно – одложено, како што стои во писмениот одговор, до моментот кога посетата ќе може да се реализира.

Образложението од МЖСПП е дека причината се годишни одмори.

Сепак, ниту по три недели откако беше добиен негативен одговор, Министерството се уште не дава зелено светло за посета на лабораторијата.

„Мета“ веќе пишуваше за државната лабораторија на Министерството за животна средина и просторно планирање, која е дел од Управата за животна средина и која, според својата поставеност и опременост би требала да биде главен столб во мониторингот на загадувањето на воздухот, а со тоа и главен инструмент во работењето на Државниот инспекторат за животна средина, опслужувајќи го со независни анализи на примероци земени од терен и утврдување на извори на загадување.

Иако постои и функционира речиси 40 години  таа не е акредитирана за ниту една метода согласно меѓународниот стандард за лаборатории ISO17025 што значи дека не е оспособена ниту материјално ниту пак е кадровски екипирана да врши мерења на емисии на загадувачите на воздухот, а со тоа добиените резултати од мерењата на емисиите на загадувачите да се сметаат за релевантни. Во недостиг на акредитирана лабораторија под капа на државата, големите и малите индустриски капацитети, со А и Б интегрирани дозволи, потенцијални загадувачи, своите анализи на емисиите, кои им се законска обврска, се уште ги прават во приватни лаборатории.

Доколку пак инспекторите по животна средина направат ненајавена контрола на овие индустриски капацитети со цел да утврдат како тие се придржуваат на своите обврски и колку анализите на емисиите што се правени од комерцијалните приватни лаборатории ја покажуваат вистинската состојба со аерозагадувањето, мострите кои тие ќе ги земат повторно ќе завршат во истите приватни лаборатории токму поради тоа што државната не е акредитирана. И од МЖСПП признаваат дека тука е можно приватните лаборатории практично да треба да си прават супервизија на сопствените лабораториски наоди.

Додека не се изврши акредитирањето на лабораторијата за повеќе методи за мерење на загадувачки супстанци, таа е неупотреблива.од нејасни и необјаснети причини државата од осамостојувањето до сега не собрала сили и не вложила напор кадровски и материјално докрај да ја оспособи оваа институција за да одговори на обврските од областа на заштитата на животната средина.

Според државната секретарка во МЖСПП, Ана Петровска досега, од 2012 година наваму тие редовно ја информираат Владата за потребата од финансирање на процесот на акредитација и кадровското доекипирање на Лабораторијата, кое вкупно би чинело околу 5,5 милиони денари, но дека и во буџетот на Министерството за 2019 година не се предвидени пари за оваа намена. Поради тоа и годинава нема да може да започне процесот на оспособување на државната лабораторија за вршење на функциите за кои е и создадена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...