fbpx

Курц: Беше многу важно да се реши спорот за името на Македонија

-

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, од говорницата на Европскиот парламент, утрово го поздрави враќањето на Западниот Балкан во центарот на европските преокупации и ја истакна важноста од решавањето на спорот за името во овој контекст.

Себастијан Курц утрово се обрати пред европските пратеници во Стразбур во рамки на дебатата за австриското претседателство на ЕУ. Канцеларот ги наброја постигнувањата и приоритетите на неговото претседавање и им се заблагодари на сите европски институции.

Говорејќи за третиот приоритет на австриското претседателство – соседската политика, Курц рече дека „како Австриец сум многу благодарен што Западниот Балкан се врати во центарот на преокупациите на ЕУ“.

-Многу е важно да имаме силни држави на Западниот Балкан, беше многу важно да се реши спорот за името на Македонија, како и спорот меѓу Србија и Црна Гора, тоа е многу важно за европската перспектива – рече Курц.

Канцеларот се заблагодари за бугарското претседателство кое, како што рече, „отвори нова ера на давање поголема важност на Западниот Балкан“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...