Курти: Народот победи, „Самоопределување“, „Осмели се“ и „Алтернатива“ ќе формираат Влада

Граѓаните на Косово успешно го докажаа својот отпор дури и против невидената хибридна војна што се водеше против нашата коалиција, кажа Курти

-

Кандидатот за премиер од Движењето „Самоопределување“, Албин Курти, се прогласи за победник на парламентарните избори во Косово, додавајќи дека третиот мандат ќе го продолжи во коалиција со партиите „Осмели се“ и „Алтернатива“. Изборите ги оцени како слободни, демократски и фер, пренесува „Порталб.мк“.

„Сè помина според процедурите, благодарам на полицијата и на органите на прогонот воопшто. Новата Влада ќе биде составена заедно со нашите коалиционери, а ние ќе ја продолжиме со работата што ја започнавме“, рече Курти.

Тој обвини дека неговата коалиција се соочува со хибридна војна.

„Граѓаните на Косово успешно го докажаа својот отпор дури и против невидената хибридна војна што се водеше против нашата коалиција, во која олигарсите трошеа пари без сметководство, им се закануваа на работниците и ги имавме најапсурдните можни ветувања во оваа кампања, кои создадоа ирационална атмосфера. Но и покрај сето ова, народот ќе победи“, рече Курти.

 

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата, министерката за...

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Обид за грабеж во банка се случил денес околу 12 часот на улицата „Гундулиќева“ во хрватскиот град Сплит, јави Слободна Далмација, а пренесоа повеќе регионални медиуми. Според првичните информации, две полицајки минувале...

Водите на Крива Река полни со олово и цијанид, градоначалникот Митовски бара кривична одговорност

Водата во Крива Река има десет пати поголема концентрација на олово и стотици пати повеќе цијанид, азот и фосфор, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. Тој најави дека ќе...

Српските студенти на медицина бараат одговорност и оставки поради посетата на Вучиќ на пациенти од Кочани

Студентите на Медицинскиот факултет во белград, побараа да се покрене постапка против одговорните во Ургентниот центар, откако на 17 март без заштитна опрема, во едницата за интензивна нега биле примени претседателот...

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата,...