Курдите тврдат дека го убиле и главниот помошник на ал-Багдади

-

Курдската милиција во Сирија „Единици за народна заштита“ денеска соопшти дека во заедничка акција на американските и нивните сили на северот на Сирија бил убиен и портпаролот на лидерот на Исламска држава, Абу ал-Хасан ал Мухаџир.

Ал-Мухаџир, наведуваат Курдите, му бил десна рака на лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади, пренесуваат британските медиуми.

Тој бил откриен во близина на пограничното место Џараблус и тоа врз основа на разузнавачки податоци на Сириските демократски сили и американската војска.

Станува збор за продолжување на претходната операција“ во која во саботата беше убиен лидерот на екстремистичката Ислмаска држава, Абу Бакр ал-Багдади.

Веста за убиството на водачот на Исламска држава вчера на прес-конференција ја соопшти американскиот претседател Доналд Трамп. Тој истакна дека претходната ноќ САД донеле „правда за најголемиот терористички лидер во светот“.

Трамп рече дека лидерот на Исламска држава умрел „викајќи, плачејќи и врескајќи“ откако влегол во тунел од кој немало излез.

– Стигна до крајот на тунелот, нашите кучиња го дотераа до таму. Го активираше елекот, убивајќи ги и своите три деца. Телото му е осакатено од експлозијата. Тунелот исто така се урна врз него. Но идентитетот е потврден. Тоа беше тој. Разбојникот кој толку се трудеше да ги заплаши другите, последните моменти ги помина во екстремен страв, во целосна паника и страв, обиколен од американските сили кои го нападнаа – рече Трамп.

Тој им се заблагодари за поддршката на Русија, Турција, Сирија и Ирак и сириските Курди, но руското министерство за одбрана негираше каква било соработка со американското водухопловство и истакнува дека убиството на Ал-Багдади нема многу да влијае на ситуацијата во Сирија.

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која  германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија...

Асад побегна од Дамаск, бунтовниците ја прогласија Сирија за слободна

Бунтовниците во Сирија влегоа во главниот град Дамаск, без да наидат на сериозен отпор, а сирискиот претседател Башар ал-Асад денеска заминал од Дамаск со авион, напуштајќи го градот во непознат правец,...

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка...