fbpx

Купишта отпадоци на местото на поранешната нелегална депонија на Тетово (ФОТО)

-

Голема количина отпадоци се наоѓа спроти некогашната нелегална депонија на Општина Тетово што е лоцирана во близина на стариот пат Тетово-Скопје. Овој дел е економска зона и дејствуваат неколку деловни субјекти. Општинските власти ни рекоа дека ѓубрето ќе го отстранат, а вината за причините поради кои ова не е направено сега ја префрлуваат на ситуацијата со корона вирусот, пишува „Порталб.мк“.

Иако една година претходно, Јавното Комунално Претпријатие (ЈКП) Тетово ја објави новата локација за одлагање тврд отпад, за еден дел од граѓаните на оваа општина изгледа дека било полесно истиот да го фрлат кај поранешната нелегална депонија на градот.

Од Општина Тетово рекоа дека за дислоцирањето на овие отпадоци ќе интервенираат со полиција и уверуваат дека поранешната нелегална депонија нема да биде вратена.

– Ќе интервенираме со полиција за дислоцирањето на овие отпадоци во близина на поранешната илегална депонија во овој дел од градот, но поради ситуацијата со корона вирусот се намали и ефикасноста во работењето, а сето тоа е поради недостаток на човечки ресурси – рекоа од Општина Тетово.

Тетово често пати е карактеризирана како “рај” за сторителите на кривични дела против природата, ова не е само поради фактот што бројот на еколошки инспектори е многу мал, туку и поради тоа што сторителите на кривични дела против природата речиси никогаш не биле пронајдени и казнети.

На прашањето од „Порталб.мк“, портпаролот на општината рече дека се свесни дека има потреба за повеќе еколошки инспектори, меѓутоа такво нешто не можат да си дозволат, бидејќи тоа подразбира буџетско оптоварување.

– Да, апсолутно имаме потреба за повеќе еколошки инспектори, но во системот немаме можност да предвидиме нови вработувања. Работникот треба да се планира со систематизирање и тоа поминува низ министерството за информатичко општество и администрација. Тоа е буџетско оптоварување, ние едвај ги подготвуваме платите за постојните вработени – нагласија од Општина Тетово.

Според информациите што ги обезбедивме, Секторот за контрола на Инспекторатот на Општина Тетово има вкупно 41 вработени, од кои 21 се инспектори. Само 6 од нив се еколошки инспектори. Инаку, неколку од случаите за кои сторителите остануваат неоткриени, како последица на неспособноста на еколошкиот инспекторат се палењето на депонијата во Тетово, горењето на отпадоци во населбите “Блок 70” и “Дарданија”, палењето отпадоци во “Ромската населба”, како и многу други кои граѓаните постојано ги пријавуваат во “E-report”, бидејќи објавениот број на веб страницата на општината (0800-55-043) за пријавување на овие случаи, е нефункционален.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...