fbpx

Културните знаменитости во Охрид добија нови информативни табли

-

Општина Охрид во соработка со НУ „Завод и Музеј“, како дел од своите програмски активности, го реализираше проектот за поставување на информативни табли на објектите кои се означени како културно наследство во Охрид.

Информативните табли се поставени за полесно информирање на бројните посетители за значењето и суштината на знаменитостите. Текстовите на таблите содржат важни информации за објектите и се во насока на афирмација и промоција на oхридската култура и развој на културниот туризам.

Таблите се поставуваа во согласност со Одобрението издадено од Министерство за култура односно од Управата за заштита на културното наследство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...