fbpx

Култниот „Дом на млади“ отвора Центар за неформално образование

-

Штипскиот „Дом на млади“ преку објавениот конкурс за деца кои сакаат да ги изучуваат уметностите, го официјализираше Центарот за неформално образование. Повикани се деца и млади кои сакаат да изучуваат драмска, музичка и ликовна уметност, како и литературно пишување и фотографија. Првпат во Штип ќе може да се посетуваат часови по класичен балет, објави директорката на „Дом на млади“, Вишна Шорова-Ангелова.

– Децата и учениците часовите за изучување на драмска, музичка, ликовна уметност, фотографија, литература ќе можат да ги посетуваат двапати во текот на една седмица, а часовите по класичен балет ќе се реализираат за време на викендите – изјави Шорова-Ангелова.

Штипскиот „Дом на млади“ е култно место, познато по големите рок-концерти, каде продефилира целата југословенска рок-сцена. Познатиот македонски гитарист Влатко Стефановски со денови престојуваше во домот додека служеше војска во Штип. Пред некој месец, домот беше реконструиран, како избран проект од програмата Форум на заедниците. Со проектот беа адаптирани неколку простории во училници и балетска сала.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...