fbpx

Кучињата се трујат, тетовци бараат хумано решение

-

Во изминатиов период бројот на кучиња скитници во Тетово е зголемен, a jaвноста беше вознемирена од неколку случаи на затруени кучиња. Експертите велат дека на сето тоа влијаат многу фактори, но најважното прашање е како тие кучиња се нашле на улица и како да се спречи таа појава.

– Честопати фактор е брзоплетата одлука на сопствениците – набавуваат домашно милениче, а потоа кога ќе видат дека тоа бара постојана нега и исхрана, се предомислуваат и го пуштаат на улица. Таму доаѓа до парење и разможување, па бројката постојано се зголемува. Труењето сепак, не е решение, тоа е кривично дело, бидејќи отровот најчесто се вметнува во прехранбени продукти, па не се знае кој тоа ќе го консумира – вели ветеринарот Дарко Кузмановски.

Граѓаните се гневни и возменирени, но воедно и исплашени. Велат дека сликата на отруени кучиња е страшна и бараат од надлежните да преземат мерки за решавање на проблемот со кучињата бездомници.

-Мора проблемот да се реши на цивилизиран начин. Труењето не е хумано, а и не е добро решение. Улиците се преполни со кучиња скитници и никој не презема ништо – реагираат тетовци.

Ветеринарите сметаат дека за овој проблем клучни се институциите и целокупното ангажирање на општеството. Потребно е да се вклучат министерството за земјоделие, Агенцијата за храна и ветеринарство, како и Ветеринарскиот факултет каде што веќе постои тело кое е задолжено да едуцира институции и луѓе, најчесто за оние кои сакаат да отворат азил за животните, апелира Кузмановски.

-Потребно е и луѓето кои сакаат да набават милениче, прво да се консултираат со стручно лице, за да добијат инструкции како треба да се одгледува, да се договорат за стерилизација  доколку не сакаат да се размножува и не можат да се грижат за потомството од миленичето. Улогата на нас, ветеринарите е со грижата за здравјето на животните, индиректно да се грижиме и за здравјето на луѓето – вели Кузмановски.

Експертите велат дека постојат шанси за да се спаси отруено животно, но поради незнаењето за каков отров се работи, често резултатот е фатален. Отровите кои се даваат на животните не се во продажба, но луѓето често се снаоѓаат и дејствуваат на своја рака.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...