fbpx

Круз го победи Трамп на предизборите во Ајова

-

Сенаторот од Тексас, Тед Кру, со 28 отсто гласови победи на предизборите на Републиканската партија во сојузната американска држава Ајова, оставајќи го зад себе Доналд Трамп, кој освои 24 отсто од гласовите.

Во Демократската партија, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон и сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, биле изедначени на првото гласање за партиска претседателска номинација.

Сенаторот од Флорида, Марко Рубио, со 23 отсто од гласовите го освои третото место на изборите во Републиканската партија.

Според пристигнатите резултати од 95 отсто од избирачките места, Клинтон и Сандерс освоиле близу 50 отсто, а сенаторот од Вермонт го прогласи резултатот за изедначен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...