Кројачкиот занает во Куманово кон исчезнување: Старите едвај го одржуваат во живот, младите незаинтересирани

-

До пред неколку години ако имавте потреба од некаква поправка на облека или за да сошиете некоја искината облека, во Куманово без никаков проблем веднаш можевте да најдете кројач. Но, денес ова е нешто што припаѓа на минатото. Бројот на кројачи во Куманово од ден на ден се повеќе се намалува. Во овој занает денес претежно го работат постарите, пренесува Порталб.мк

Џеладин Шабани и Ридван Кадриу се двајца од најстарите кројачи. Тие за Порталб.мк раскажуваат за предизвиците на времето во кое овој занает почнал да згасне.

И покрај тоа што е во пензија и има 55 години работен стаж во овој занает, Џеладин Шабани се уште ја работи со љубов оваа професија.

Страста и желбата за оваа професија за мене се незаменливи и не можам да ја оставам работата“, раскажува Шабани.

Тој ни раскажа дека до пред неколку години имало заинтересирани за овој занает, но за жал сега никој не доаѓа. Тој се сеќава и на времињата во минатото кога немале доволно алати и целото шиење го правеле рачно.

„Сега е полесно и имаме најдобри услови за работа, имаме машини, лепак за текстил, копчиња и многу други материјали. Јас мислам дека младите треба да се занимаваат со занаети, но ним им треба и финансиска поддршка, бидејќи во времето во кое живееме тие сакаат да бидат ценети и добро платени. Затоа, ова сметам дека е проблем за младите, бидејќи имало случаи кога некој млад човек дошол да го учи занаетот, но немал можност да продолжи поради други трошоци како трошоците за пат, храна, а покрај тоа мора и да му помогне на семејството“, посочи Шабани.

Џеладин Шабани – Кројач од Куманово. Фото:Порталб.мк

Од друга страна, Ридван Кадриу, кој со овој занает се занимава од 2001 година, вели дека овие 24 години со овој занает го издржувал неговото семејство и дека според со него овој занает има добри приходи.

„Иако моите деца не ја сакаат оваа професија, јас ги научив за да им служи во иднина. Кројачкиот занает бара многу труд, страст, волја бидејќи не носи големи приходи, не е сезонски занает, туку траен“, посочи Кадриу.

Тој смета дека младите треба да почнат да ги сакаат занаетите, бидејќи како што вели, занаетот не познава политички партии и не треба да се дозволи да исчезне.

„Младите денес немаат мотив да учат занаети затоа што не се платени и мислам дека треба да бидат платени од државата за да придонесат и да ги поделат ученицие. Некои да одат на занаети, а некои на факултет“, рече Кадриу.

Ридван Кадриу – Кројач од Куманово. Фото:Порталб.мк

И двајцата кројачи со кои разговаравме упатија апел до младите да не дозволат овој занает да исчезне, бидејќи како што велат „занаетот не те остава во кал“, а апелираа и до надлежните за да ги мотивираат младите да учат занаети.

Медина Арифи е млада девојка од Куманово, признава дека новите генерации не ги ценат занаетите. Свесна дека кројаштвото овозможува отворање приватен бизнис и дека не остануваш без работа, таа вели дека младите сепак не се заинтересирани за тоа.

„Последниве години се повеќе згаснува овој занает толку неопходен за секојдневието. Има многу фактори кои влијаат на незаинтересираноста за овој занает. Ние младите денес ги избираме најлесните и најбрзите работи за да заработиме. И да сакаме да имаме таков занает, би било добро да ни плати државата, барем да немаме дневни трошоци, и да не дозволиме во иднина да го снема кројачкиот занает во Куманово“, изјави Арифи.

Од друга страна, младата Ендрина Асани рече дека кројачкиот занает некогаш бил важен столб на локалната економија во Куманово, но денес технологијата и индустријата за масовно производство силно влијаеле на промената на навиките и преференциите на луѓето.

„Младите генерации се повеќе склони да следат модерни професии, избегнувајќи ги занаетите за кои е потребно време и посветеност, но она што е важно не го цениме бидејќи нема ништо подобро од тоа да си сам свој шеф. Мислам дека треба да се преземат чекори за промовирање на овој занает кај младите и за поддршка на локалните занаетчии, бидејќи постои ризик овој занает да исчезне“, посочи Асани.

Во Средното економско училиште „Перо Наков“ во Куманово, учениците можат да се запишат на профилите за техничар за шреработка на облека, техничар за дизајн и техничар за обработка на обувки.

Директорката на училиштето, Лутфије Весели, истакна дека интересот на учениците за овие насоки од година во година има подеми и падови. „Учениците се заинтересирани, го велам ова затоа што имаме ученици со одличен успех и кои се запишуваат на овој профил, особено на смерот за дизајн. Во последните четири години имаше промени во бројот на ученици и не можам да кажам дека има зголемување или намалување на интересот на учениците. Училиштето располага со посебни кабинети за трите профили опремени со алатки за работа, како што се машини за шиење, работни материјали“, рече Весели.

Според податоците испратени од Средното економско училиште „Перо Наков“ во Куманово, најголем број ученици во техничката насока преработка на облека и технички дизајн на облека има во 2021/22 година со вкупно 41 ученик. Во 2022/23 година бројот на ученици бил 24. Во 2023/2024 година имало 23 ученици, додека во 2024/25 година 25 ученици.

Од друга страна, Енвер Салихи, директор на организацијата „ Pulse of Democracy“ од Куманово, рече дека врз развојот на кројачката професија влијаат и економските услови и миграцијата.

„Високите цени за оние кои купуваат каков било производ и во последно време воведувањето на брендови со сериски производи и евтини цени и многу низок квалитет претставуваат ризик за исчезнување на оваа креативна и благородна професија. Ние како директни актери на културниот и општествениот живот во Куманово преку конкурсот за модни цртежи се обидовме да ја истакнеме креативноста на младите од Куманово во врска со моделите и облеката“, рече Салихи.

САД и НАТО не им забрануваат на нашите медиуми да коментираат за руските воени успеси

Објава на Фејсбук неосновано тврди дека медиумите кај нас не смеат да ги коментираат руските воени успеси во Донбас за да не го налутат „Калето“ (амбасадата на САД) и „Рада“ (Радмила Шекеринска,...

Грчката веб-страница на ИКЕА недостапна надвор од Грција „од безбедносни причини”

Веб-страницата IKEA.gr повеќе не е достапна за македонските граѓани, ниту пак за кој било друг надвор од Грција. Како што велат за Мета од компанијата, тоа е од безбедносни причини. „Би сакале...

УСАИД е „прогласена за умрена“, сеирџиите може да здивнат!

Бурата од реакции по укинувањето на УСАИД во светот не поминува без класичниот говор на омраза „на стероиди“ кај нас, кој еруптира со невидена „креативност“, па дури и повици за воведување...

Над 1500 здравствени работници со привремени договори наскоро ќе добијат решенија за работа

Првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, соопшти дека владата има одлука за трансформација на здравствените работници кои биле вработени во минатото, но со години останале со привремени договори. „Во овој период ќе...

САД и НАТО не им забрануваат на нашите медиуми да коментираат за руските воени успеси

Објава на Фејсбук неосновано тврди дека медиумите кај нас не смеат да ги коментираат руските воени успеси во Донбас за да не го налутат „Калето“ (амбасадата на САД) и „Рада“...