fbpx

Кризниот штаб на Србија не е формиран пред сите на Балканот

-

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до Грција на југ.

Српскиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите Istinomer.rs реагираше на дезинформација за Кризниот штаб на Србија, изречена директно од член на овој штаб. Имено, пулмологот Бранимир Несторовиќ, член на штабот, пред една седмица гостувајќи во емисијата „Kирилица“ на српската телевизија „Хепи“ рекол дека Србија имала кризен штаб за борба против Ковид-19 во време кога ниедна друга земја на Балканот го немала, нагласувајќи дека првиот состанок на овој штаб е одржан уште во февруари годинава.

Но, како што наведува Istinomer.rs, според наведеното на веб-сајтот на Владата на Србија, првиот состанок на Кризниот штаб, на чие чело е српската премиерка Ана Брнабиќ, е одржан на 13 март, кога тој и е формиран.

Според тоа, неточно е дека тоа е датум на формирање на кризниот штаб, наведува српскиот сервис за проверка на фактите и за борба против дезинформации. Точно е дека на 26 февруари е одржана првата прес-конференција за новиот корона вирус, на која присуствуваше и Несторовиќ, пишува Istinomer.rs.

Српскиот сервис за борба против дезинформациите Raskrikavanje.rs, пак, го пренесува случајот на уредничката на порталот Kossev, Татјана Лазаревиќ, која во саботата нешто по 14 часот беше приведена на новинарска задача, додека се движела на релација Косовска Митровица – Мали Звечан. Таа официјално била приведена поради кршење на забраната за движење, иако на новинарите во Косово им е дозволено да одат на терен.

Лазаревиќ за Raskrikavanje.rs рекла оти се сомнева дека случајот е наместен, оти „за нејзиното приведување некои медиуми на Косово знаеле и пред неа“ и тоа го гледа како притисок против медиумот со кој раководи. Појаснила оти обвинителката не ѝ одредила притвор, но дека постапката е во тек.

Според напишаното, таа одела по пешачката патека Косовска Митровица – Звечан, оти сообраќајот меѓу тие две места бил блокиран поради зголемувањето на бројот на случаи на Ковид-19, а кај себе имала и легитимација и од новинарско здружение и редакциска легитимација.

– Мојата расправија со полицајците од интервентната единица траеше десетина минути, а баш во тој момент добив повик од порталот „Kosovo online“ да им дадам изјава во врска со приведувањето. Во тој момент јас не знаев ниту дека ќе бидам приведена, оти ја чекавме патролата – вели Лазаревиќ.

Дури откако била пуштена од полициска станица ги видела фотографиите од приведување на наведениот портал – иако на местото на настанот немало никој освен неа и полицајците.

Затоа таа е уверена дека станува збор за наместена ситуација и уште еден притисок кон неа и редакцијата. Во прилог на тврдењето наведува на погоре наведениот портал потоа се појавиле уште два текста – еден за тоа што се „погрешно направила и дека ги прекршила одредбите на професијата“ а вториот дека „новинарите не смее да ја злоупотребуваат слободата на движење“.

Raskrikavanje.rs посочува оти на порталот Kossev му било забележано што во живо ги пренесува прес-конференциите на Кризниот штаб.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...