fbpx

Кризата со корона вирусот не го запре штедењето и кредитирањето

-

Пораст на штедењето и на кредитирањето во јули, годинава откриваат новите податоци на Народната банка, што укажува дека кризата предизвикана од корона вирусот не беше пречка граѓаните да продолжат да штедат, но и да позајмуваат пари од банките пред сè преку потрошувачки и станбени кредити.

Вкупните депозити(штедни влогови) овој месец се повисоки за 0,3 отсто во споредба со претходниот месец, поради растот на депозитите на секторот „домаќинства“, при остварен пад на депозитите на корпоративниот сектор.

„На годишна основа, вкупните депозити бележат пораст од 7,9 отсто, кој се должи на зголемувањето на депозитите кај двата сектора, поизразено кај депозитите на секторот „домаќинства“, информираат од Нардната банка.

Вкупните депозити на домаќинствата бележат месечен пораст од 0,4 отсто, кој се должи на повисоките краткорочни депозити во странска валута и депозитни пари, во услови на пад кај останатите компоненти.

„Годишниот раст изнесува 8,4%, како резултат на зголемените депозитни пари и краткорочните и долгорочни депозити во странска валута, при забележан пад кај долгорочните и краткорочните депозити во денари“, укажуваат од Народната банка.

Од другата страна, во јули кај вкупните кредити е забележан пораст од 0,7 отсто, главно под влијание на зголеменото кредитирање на секторот „домаќинства“ (учество во промената од 97,3 отсто).

На годишно ниво, вкупните кредити се зголемени за 8,2 отсто, во услови на раст на кредитите кај двата сектора, кој е поизразен кај секторот „домаќинства“

Кај вкупните кредити на домаќинствата, овој месец е остварен месечен и годишен раст од 1,3 отсто и 9,4 отсто, соодветно.

Анализирано според валутната структура, кредитите одобрени во денари имаат поголем придонес кон растот на месечна и на годишна основа.

„Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во јули, кај најзастапените категории – потрошувачките и станбените кредити, е забележан месечен раст од 1,3 отсто и 1,7 отсто, соодветно, кој на годишно ниво изнесува 10 отсто и 14 отсто, соодветно. Кај автомобилските кредити продолжи падот на месечна и годишна основа, од 1,2 отсто и 10,9 отсто, соодветно. Кредитите одобрени на кредитни картички се зголемени за 0,4 отсто на месечно ниво, а бележат пад од 3,8 отсто на годишно ниво“, соопшти Народната банка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...