fbpx

Кризата е можност нашите компании да се вклучуваат во глобалните синџири на набавки, вели Битиќи

-

Владата ги поттикна процесите на дигитализација и ние ќе продолжиме да одиме по тој пат, во насока на поедноставување на процедурите, подигнување на ефикасноста, ефективноста, продуктивноста и конкурентноста на домашната економија, истакна вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи кој учествуваше на панелот „Трасирање на патот за раст и развој во пост-ковид периодот“, кој се одржа во рамките на Самитот за Западен Балкан, во организација на светски реномираниот магазин „Економист“.

Битиќи дискутираше за тековните предизвици од ковид кризата, како и за реформите кои се потребни да се спроведат во овој период, за поголема конкурентност на економијата и социјалната кохезија.

„Исто така, оваа криза кристално јасно ни даде до знаење дека е потребен процесот на „near shoring“. Земјите во Југоисточна Европа, особено нашите земји од Западен Балкан, треба да работиме на тоа да се повеќе нашите компании се вклучуваат во глобалните синџири на набавки и на тој начин да се доближуваме до земјите на Европската унија. Со оваа криза се докажа дека синџирите на снабдување, со набавки од далечни земји не се одржливи, и токму тука ја гледаме нашата заедничка шанса. Потребно е, ние земјите од Западен Балкан, да се фокусираме кон подигнување на регионалната конкурентност, наместо да ја заоструваме меѓусебната конкуренција и на тој начин да создадеме еден заеднички пазар, што ќе ја компензира и зајакне додадената вредност во близина на синџирите на снабдување“, посочи Битиќи.

Вицепремиерот ги покани и поттикна компаниите од ЕУ, кои во изминатиот период имаа проблеми со синџирите за снабдување, да размислат за инвестиции во нашата земја или во некоја од другите земји од Западен Балкан и да ги искористат придобивките од близината на нашиот регион до ЕУ, како и другите придобивки за реализација на нови инвестиции кои насат додадена вредност.

„Секоја компанија што се соочува со проблеми во синџирот на снабдување во моментов и размислува за „near shoring“, треба да размисли за инвестирањето во Северна Македонија. И не само во нашата земја, да се размисли за инвестирање и во други земји од регионот, затоа што можеби сме мали одделно, ама како регион, во целина, заедно создаваме пазар кој е силен и конкурентен. Нашата крајна цел е да создадеме безбедна и предвидлива бизнис околина за инвеститорите, како за домашните компании, така и за странските инвеститори и да ја подигнеме конкурентноста, да бидеме подготвени за влезот во ЕУ“, потенцираше Битиќи.

Вицепремиерот во своето обраќање нагласи дека во моментов се спроведува  најважниот стратешки процес, а тоа е креирање на долгорочната Национална стратегија за развој 2021 – 2041 година.

Битиќи на панелот учествуваше со Јерон Дајсеблум, член на Холандскиот сигурносен борд и поранешен претседател на Еурогруп, Матео Ривелини, ракводителот на јадранската дивизија во Европската инвестициска банка и Анди Аранитаси, раководител на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој во Северна Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...