Кривичниот суд не ги замрзнал сметките на „Финзи“ зашто СЈО не ги доставило

-

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во барањето до Кривичниот суд за замрзнување на сметките на фирмата „Финзи“, опфатена во случајот „Трезор“, не ги навело сметките и банките на фирмата и се повикало на погрешен член од Законот за кривична постапка (ЗКП), соопшти денеска Основниот суд Скопје 1. Поради ова, судијата на претходна постапка сè уште не одлучил по барањето за замрзнување на сметките, а предлогот на СЈО го вратил на комплетирање.

Од судот велат дека судијата го добил барањето на СЈО на 29 септември и истиот ден откако увидел дека предлогот е некомплетен, од Специјалното јавно обвинителство побарал да го доуреди и да ги наведе банките и трансакциските сметки на правното лице „бидејќи обвинителот во барањето изоставил да ги наведе, а барањето е општо и неопределено за кои сметки и за кои банки се однесува“.

„Воедно и од причини што барањето на СЈО гласи да се изрече забрана за користење и за располагање со трансакциски сметки по член 202, став 1 и 2 од ЗКП, како што предложиле од СЈО, во суштина кога ќе се види законот, ваква одредба не постои и од овие причини судијата побарал СЈО да се произнесе дали можеби бара привремено одземање на имот или предмети, бидејќи запирање на извршување на финансиски трансакции е определено со членот 200, став 7 од ЗКП“, стои во соопштението од судот.

Оттаму додаваат дека на 3 октомври судот добил одговор во кој, како што стои во соопштението, од СЈО овојпат се повикале на членот 200, став 7 од ЗКП, но навеле дека не се во можност да достават уреден предлог бидејќи сè уште немале добиено податоци од банката во која се обратиле. Од СЈО, според судот, навеле дека кога ќе ги добијат бараните податоци, ќе поднесат уреден предлог по точниот член од ЗКП што им го предочил судијата.

Од Кривичниот суд велат дека квазиексперти и „професионалци“ го претвориле правосудниот систем во шоу-парада, а судот го обвинуваат за двојни аршини.

„По јавните прозивки на квазиексперти и на „професионалци“ во нивното „професионално работење“ и гостување по најразлични телевизиски шоуа, го претворија правосудниот систем во шоу-парада, а истите Основниот суд Скопје 1 со своето „длабоко незнаење“ го претставуваат дека има двојни аршини. За двојните аршини на СЈО и за квазиекспертите сама нека процени јавноста зошто судот ваквиот предлог и сите предлози доставени од нивна страна дури по трипати ги враќа на нивна корекција за да може да одлучи“, стои во соопштението на Кривичниот суд.

Кривична пријава за полицаец што возел пијан

Полицаец доби кривична пријава бидејќи возел пијан и довел во опасност и се заканувал на други учесници во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи информираше дека до Основното јавно обвинителство Скопје е...

Македонските научници и истражувачи ќе работат со колегите од ЕУ

Македонските научници и истражувачи ќе добијат поголеми можности за вклучување во европските истражувачки мрежи, каде ќе можат да работат на проекти од области како енергетска безбедност, одржливи материјали за изградба на...

Годинешниот, јубилеен Егзит ќе биде последен во Србија

Фестивалот Егзит објави дека годинешното, јубилејно 25 издание ќе биде последно што ќе се одржи во Србија. Познатиот фестивал е закажан за 10 до 13 јули на Петроварадинската тврдина во Нови...

Средношколци од Битола, Виница и Скопје зборуваа за предзвици поврзани со менталното здравје

Средношколци од четири училишта во Битола, Виница и Скопје ги споделија своите проблеми и предизвици поврзани со менталното здравје. Над 100 ученици учествуваа во кампањата за ментално здравје на учениците „Твоја...

Кривична пријава за полицаец што возел пијан

Полицаец доби кривична пријава бидејќи возел пијан и довел во опасност и се заканувал на други учесници во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи информираше дека до Основното јавно обвинителство...