fbpx

Кривичниот суд бара уште време за судиите да одлучат за притворите на СЈО

-

Кривичниот суд Скопје денеска попладне соопшти дека не може да каже колку време ќе трае процедурата, кога ќе заврши и кога ќе бидат соопштени одлуките по барањата на Специјалното јавно обвинителство за одредување притвор и мерки на претпазливост за лицата против кои вчера беа поднесени обвиненија.

Од судот велат дека поради големиот број барања и доказниот материјал доставен со нив, судиите се обидуваат да ги донесат одлуките во законскиот рок од 24 часа.

„Со оглед на големиот број на предлози и лицата опфатени во нив, како и доказниот материјал приложен во предлозите, судиите што постапуваат во советите вложуваат напор да донесат одлуки во законски предвидениот рок. Но, со оглед на фактот дека по донесување на одлуките, за сите предлози, истите треба прво да бидат писмено изработени и доставени до странките во постапката, по завршување на целокупната процедура, за која не може да се предвиди колку време може да трае, јавноста веднаш ќе биде информирана за донесените одлуки на Кривичните совети“, стои во соопштението од Кривичниот суд.

Специјалното јавно обвинителство вчера со 17-те обвиненија до Кривичниот суд поднесе и барања за одредување притвор за вкупно 18 лица, меѓу кои и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, ексминистрите за внатрешни работи, култура и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска, Елизабета Канческа-Милевска и Миле Јанакиески.

СЈО бара мерки за претпазливост за уште 47 обвинети лица.

Кривичниот суд вчера соопшти дека ги примил и ги распоредил кај судии сите обвиненија што ги поднесе Специјалното јавно обвинителство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Утре бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети

Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, 18 Април, утре ќе биде одбележан со бесплатен влез во сите национални установи од областа на заштитата на културното наследство, кои ќе...