fbpx

Кривични пријави за вкупно 22 угостители во туристичките места, не ги почитувале протоколите и примале гости

-

Раководителката на Инспекциски надзор, Мери Проја Продановска, денеска во Охрид ги соопшти наодите на инспекциските служби при зајакнатите контроли на угостителските и сместувачките капацитети за време на продолжениот викенд во Охрид, Струга, но и во останатите туристички меса низ државата.

„Државниот пазарен испекторат во моментот е со засилен надзор на правни субјекти на Охридското крајбрежје, а контроли се вршат со полициска асистенција со цел да обезбеди максимално почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид-19. Од петокот до сега се утврдени 22 непочитувања на владините мерки од страна на категоризираните сместувачки и угостителски објекти и врз основа на членовите 205 и 206 од Уредбата, за истите ќе бидат поднесени кривични пријави“, рече Проја Продановска.

Раководителката истакна дека најголемиот дел од прекршувањата осум се во Охрид, четири во Струга, пет во Битола, три во Дојран, и по едно во Маврово и Кочани. При направените надзори било утврдено присуство на гости во сместувачките објекти иако засега тоа не е дозволено. Исто така кај двајца угостители од Охрид е утврдено непочитување на протоколите и работното време.

Сепак, од контролите на терен рече Проја Продановска, изминатите два дена кај поголемиот дел на правни субјекти може да се забележи почитување на владините мерки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...