Кривични пријави за петмина вработени во „Комуналец“ во Кичево

На 4 јуни, во дивата депонија, полициски службеници ги затекнале Б.Б., С.А., Д.Ј. и Ф.Т., сите вработени како возачи ЈКП „Комуналец“, како истураат комунален отпад од специјални возила за собирање отпад“

-

Директор на Јавно комунално претпријатие „Комуналец“ во Кичево, во периодот од 2020 година, постапувал спротивно на прописите за заштита на животната средина и природата, формирал дива депонија на повеќе илјади квадратни метри во населена зона во Кичево, за која давал задолженија на вработените секојдневно да складираат, оставаат или расфрлаат отпадни материи. Против него и против уште четворица вработени, МВР поднесе кривична пријава.

„Директорот З.Ј. постапил спротивно и на одредбите од Законот за управување соа отпад и Законот за заштита на животната средина затоа што депонија ја формирал на државно земјиште во населениот дел на Кичево, без одлука на Советот на општина Кичево, без градежна дозвола и без да поседува Интегрирана еколошка дозвола и Елаборат за заштита на животната средина. Ваквата состојба била констатирана со записник за извршен инспекциски надзор на Државен инспекторат за животна средина. На 4 јуни, во дивата депонија, полициски службеници ги затекнале Б.Б., С.А., Д.Ј. и Ф.Т., сите вработени како возачи ЈКП „Комуналец“, како истураат комунален отпад од специјални возила за собирање отпад“, информира МВР.

Како што се додава во соопштението, З.Ј. (49) од с. Горно Строгомиште, доби кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени две продолжени кривични дела во стек „несовесно работење во службата“, по член 353-в став 1 и „загрозување на животната средина и природата со отпадни материи“, по член 230 став 1 и ст.5. Пријава има и против Б.Б. (49) од с. Грешница, кичевско, С.А. (49) од Кичево, Д.Ј. (56) од Кичево и Ф.Т. (62) од Кичево поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпадни материи“ по член 230 став 4.

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во Скопје, по...

Лефков: Бугарски служби шират дезинформации против Мицкоски и Владата

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од...

Забраната за шетање во шуми не е дел од никаква агенда, туку се воведува поради превенирање на пожари

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Ова мерките на Северна вукојебина за забрана за шетање по планините личи на агендата 2030 а народот овца не се буни. Забраната за шетање во шуми не е ништо...

Институционален молк, политичка калкулација и цената што жените ја плаќаат за учество во јавниот живот

Во  Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од...

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во...