Кривични пријави за двајца директори на училишта од Русиново и Владимирово

Директорите на беровското средно училиште се сомничат дека ја злоупотребиле службената положба и овластувања со тоа што во различен временски период набавиле превоз за ученици по повисока цена од пазарната

-

СВР Штип во координација со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривични пријави против двајца директори на училиште во Берово во различен период, поради тоа што ја злоупотребиле службената положба и овластување, соопшти денеска МВР.

„Против Д.П.(64) од с. Владимирово, беровско, е поднесена пријава поради тоа што како директор на средно училиште во Берово, при преземање на службени дејствија, јавна набавка за превоз на ученици за учебната 2023/2024, потпишала договор со правен субјект од Пехчево за цена повисока од реалната на пазарот, односно за цена која е двојно и повеќе поскапа и понеповолна од месечната карта на истата релација и на тој начин го оштетила буџетот на училиштето за околу 560.000 денари“, информира МВР.

Освен тоа, поднесена е и кривична пријава против С.К.(52) од Русиново, беровско, поради тоа што пријавениот, како директор на средно училиште во Берово, при преземање на службени дејствија, јавна набавка за превоз на ученици за учебната 2022/2023 потпишал договор со правен субјект од Пехчево за цена повисока од реалната на пазарот, односно за цена која е двојно и повеќе поскапа и понеповолна од месечната карта на истата релација и на тој начин го оштетил буџетот на училиштето околу 611.000 денари.

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста...