fbpx

Кривична за професор кој злоупотребил ученичка

-

Полицијата се сомнева дека 63-годишен професор во штипско средно училиште извршил злоупотреба на службената положба и сексуално злоупотребил ученичка. СВР Штип му поднесе кривична пријава, како и на неговиот директор и на државна просветна инспекторка за непријавување кривично дело или сторител.

– Првопријавениот, како професор во училиштето, трипати во текот на 2014 година, злоупотребувајќи ја својата положба, извршил полови дејства на ученичка во училиштето, а директорот и третопријавената како државен инспектор, свесно пропуштиле да го пријават кривичото дело на надлежен орган, а за кое дознале при вршење на својата работа – изјави портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова.

На сите им биле поднесени пријави до Основното јавно обвинителство.

Како што дознаваме, случајот е пријавен од ученичката, при редовна контрола на група инспектори во штипското училиште, кои кај сите структури (наставнички совет, родителски совет и ученички организации) се интрересирале за работењето на училиштето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...