Секторот за внатрешни работи Тетово поднел кривична пријава против гостиварецот М.И. (50), осомничен за фалсификување исправа.

Според полицијата, на 13 јануари оваа година, при влез во земјава, полициските службеници на граничниот премин Јажинце, при контрола на возилото, марка „мерцедес“, што го управувал осомничениот, утврдиле дека бројот на шасијата на возилото е фалсификуван.