Македонија Кривична пријава за злоупотреба на службената положба во струмичкиот затвор, поранешен в.д....

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба во струмичкиот затвор, поранешен в.д. директор наредувал ослободување на осуденици

Тројцата осуденици користеле погодности кои не ги следувале и не биле присутни во струмичкиот затвор и по еден месец, а во евидентната книга, по наредба на поранешниот в.д. директор, биле заведувани како присутни во затворот

Photo by Sigmund on Unsplash

Секторот за внатрешни работи Струмица (СВР Струмица)  поднесе кривична пријава против 40-годишниот Б.Ц. од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик.

Пријавениот, во својство на поранешен вршител на должноста директор на Казнено- поправната установа Затвор „Струмица“ во текот на 2021, 2022 и 2023 година на затворските полицајци им наредувал и им се заканувал, надвор од законските прописи, да ги ослободуваат од затвор осудените лица Л.К., Ѓ.В. и Г.Т.

Тројцата осуденици користеле погодности кои не ги следувале и не биле присутни во струмичкиот затвор и по еден месец, а во евидентната книга, по наредба на пријавениот, било заведувано дека осудените лица биле присутни во затворот.

Во книгата за влез и излез од затворот, осудените лица не биле секогаш заведувани и по наредба на пријавениот се вршело бришење со коректор во книгата на други заведени осудени лица, а на нивно место се пишувал Л.К.. Исто така, Л.К. се водел во затворот иако во моментот бил надвор од државата, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР).