Кривична за полицаец, злоупотребил потпис на раководител на полициска станица

Пријавениот, полициски службеник, извршувајќи работни задачи како документарист, со пречекорување на службеното овластување, во септември 2023 година изготвил службен акт со невистинита содржина, злоупотребувајќи го потписот на раководителот на Полициската станица Тетово

-

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди  при Министерството за внатрешни работи,  до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција Скопје, поднесе кривична пријава против Д.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Пријавениот, полициски службеник, извршувајќи работни задачи како документарист, со пречекорување на службеното овластување, во септември 2023 година изготвил службен акт со невистинита содржина, злоупотребувајќи го потписот на раководителот на Полициската станица Тетово.

Имено, полицискиот службеник делото го извршил на тој начин што ги злоупотребил процедурите за примање барања, постапување и достава на службени акти и до адвокат доставил акт за достапност за лице со невистинита содржина, односно на усно барање на адвокатот, без процедурално административно – деловодничко евидентирање на писмено барање, изготвил и издал на рака акт со невистинита содржина, т.е. во актот било наведено дека лице кое е засегнато во судски процес било преселено на непозната адреса, со што не бил достапен на органите за прогон, без притоа да се извршат проверки за достапност на терен.

По изготвувањето на актот, полицискиот службеник го злоупотребил потписот на раководителот, вметнал несоодветен деловоднички број и како таков актот го предал на рака, спротивно на утврдените процедури.

По ова предметниот акт бил злоупотребен во судска постапка при Основен суд Тетово каде бил евидентиран како доказ што резултирало со штетен исход од судскиот процес против лицето.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...