fbpx

Кривична пријава за три лица, родители си ја продале 13-годишната ќерка на Белгиец за сексуални услуги

-

Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе кривична пријава, а Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка против три лица поради основано сомнение дека обвинетите сториле кривично дело – „Трговија со дете“ по чл. 418-г од Кривичниот законик.

Со намера да користи сексуални услуги од дете, во втората половина во 2021 година осомничениот белгиски државјанин Л.Д.С. истражувал преку интернет и се информирал за деца до кои лесно може да пристапи. За да го оствари својот план, тој стапил во контакт со македонски државјанин кој го поврзал со останатите двајца осомничени Е.А. и Ф.Б, родители на шест малолетни деца.

„Првоосомничениот во повеќе наврати доаѓал преку ГП Меѓународен Аеродром „Скопје“ каде го пречекувале двајцата осомничени и нивните малолетни деца. Со цел да се стекнат со материјална корист и да заминат за Белгија, тие се согласиле за паричен надомест на првоосомничениот да му овозможат да користи сексуални услуги врз тринаесетгодишната ќерка, а потоа и да склучи брак со неа“, се наведува во соопштението на Основното јавно обвинителство.

Грозоморниот чин се одвивал подолг период, родителите му овозможиле на првоосомничениот да престојува заедно со нив во куќата во која живеело семејството. Белгискиот државјанин манипулирал со девојчето дека го сака и ѝ подарил златен накит – бурма и златно ланче, а на родителите им давал пари за потребите на семејството. Родителите на детето секојдневно му помагале на првоосомничениот со крајна цел под изговор за присилен брак да го однесе малолетното дете во Кралството Белгија каде што наводно ќе стапел во брак со неа и му овозможиле да создаде врска на доверба и емоционална близина со девојчето.

„Злоупотребувајќи ја нејзината доверба, првоосомничениот остварувал полови дејствија со девојчето до 16.05.2022 година кога полициските службеници го откриле настанот“, информираат од ОЈО и додаваат дека Основниот кривичен суд Скопје на тројцата осомничени им определил мерка притвор во траење од 30 дена.

За кривичните дела што им се ставаат на товар, на осомничените родители запретени им се високи казни затвор во траење од најмалку десет, односно 14 години за белгискиот државјанин.

Од МВР информираат дека белгискиот државјанин со двата родители на детето во временскиот период од февруари до мај 2022 година, договорил склучување на присилен брак помеѓу него и нивната малолетна ќерка, односно дете со неполни 14 години.

„Заради остварување на својата намера да го однесе детето во Белгија, Л.Д.С. во повеќе наврати престојувал на територија на Република Северна Македонија. Со цел да се обезбедат лични документи за патување за детето, Л.Д.С. на родителите на детето им дал околу 2.500 евра, и во неколку наврати преку брз трансфер на пари Union“ од Белгија на Е.А. му испраќал парични средства во различен износ. Врз основа на издадени судски наредби од Основен кривичен суд Скопје, на 16.05.2022, извршен е претрес на дом и други простории каде времено престојуваат Е.А. и Ф.Б. во Струга, од каде е обезбеден доказен материјал за стореното кривично дело, додека на Меѓународен аеродром – Скопје е извршен претрес над лицето Л.Д.С., по што трите лица се лишени од слобода“, соопштуваат од МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...