fbpx

Кривична пријава за градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски

-

Градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски, денеска заработи кривична пријава од битолската полиција за злоупотреба на службената положба и овластување. Тој е осомничен дека спротивно на Законот за јавни набавки, набавувал гориво за службените возила.

– Пријавениот, во својство на службено лице, во периодот од 2011 до 2014 година, искористувајќи ги службената положба и овластување, постапил спротивно на Законот за јавни набавки така што не донел одлука за тоа, со што им овозможил право на две правни лица за периодот од 2011 до 2015 година да стекнат материјална корист со вкупен износ од 4.605.712 денари – информираше портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова.

Градоначалникот Котевски не сакаше да ја коментира кривичната пријава. Кратко, за „Мета“ изјави дека овој чин на полицијата е класична политичка пресметка.

Заедно со Котевски се осомничени уште неколку лица вработени во Општина Новаци, членови на комисијата за јавни набавки.

Пријавените, според пријавата, на правното лице „КМ петрол оил“ ДОО Новаци му овозможиле да стекне имотна корист така што на отворањето на понудите констатирале дека понудата од правното лице е валидна и комплетна и покрај фактот што знаеле дека не поседува лиценца.

Исто така, во овој случај кривични пријави заработија и уште пет лица вработени во „Фод“ ДООЕЛ Новаци, еден вработен во „КМ петрол оил“ ДОО Новаци и правното лице „КМ петрол оил“ ДОО Новаци, поради сомневање дека ги злоупотребиле службената положба и овластување, како и дека извршиле недозволена трговија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.