fbpx

Кривичен суд: Доказите од кодираното уесбе, СЈО ги достави како фотокопии

-

Специјалното јавно обвинителство доцна попладнево, пред завршување на работното време, ги доставило до судот во форма на фотокопија доказите за определување мерки за претпазливост против четири лица, информираат од Основен суд Скопје 1.

Оттаму велат дека предлозите биле доставени, откако во текот на денешниот ден како суд ја информирале јавноста дека СЈО доставило докази на кодиран мемориски стик кој не можел да се отвори, а во врска со тоа од СЈО усно било соопштено дека доказите ќе може да се разгледуваат само во нивно присуство и само тие ќе имаат право да пристапат до нив.

– Предлозите, заедно со доказите, повторно се распоредени кај судиите на претходна постапка за понатамошно постапување во согласност со одредбите од Законот за кривична постапка, а за сите нови дејства поврзани со овие предлози јавноста ќе биде навремено информирана – се вели во соопштението на судот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...