fbpx

Критики за потегот на Стојанче Стоилов што ја напуштил свеченоста поради албанскиот јазик

-

Користењето на албанскиот јазик на манифестацијата „Спортист на годината“ во организација на Агенцијата за млади и спорт вчеравечер го испровоцирало ракометниот репрезентативец Стојанче Стоилов демонстративно да си замине, пишува „Порталб.мк“. Неговиот потег го критикуваат спортисти и спортски работници, кои се прашуваат дали не треба да му се одземе наградата „Спортист на 2017 година“.

Директорот на Македонската кошаркарска федерација, Владимир Темелковски, го нарече потегот „срамен и низок и спротивен на светото спортско мото“.

„Во спортот нема место за политика, расна и полова дискриминација или национализам, но очигледно некои спортисти го заборавиле Најважното и светото спортско мото, дека во спортот нема раса, религија или националност. Во спортот сите се еднакви, а победуваат нај упорните и најпосветените, а за оние кои што предвремено се откажуваат и презентираат омраза и нетолеранција, не им е местото во спортот“, напиша, меѓу другото, Темелковски на својот Фејсбук профил.

Координаторот на Работната група за изработка на национална стратегија за едно општество за сите и интеркултурализам, Рубин Земон порача дека Стоилов со својот потег покажал дека не е спортист.

„Стојанче Стоилов покажа синоќа дека не е спортист, туку само играч во ракометот. За спортист треба да бидеш голем човек полн со толеранција надвор од теренот“, напиша Земон на својот Фејсбук профил.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...