Дејствувањето на криминалните групи не предизвикува само економски последици, туку тие сериозно ги загрозуваат и националната и регионалната безбедност, изјави денеска во италијанскиот град Трст, министерот за надворешни работи Оливер Спасовски, додавајќи дека неопходно е соработката да биде приоритет на земјите од Западен Балкан.
Спасовски во своето обраќање на завршната министерска конференција за проектот „Борба против организираниот криминал: Меѓународна соработка во кривичното право“, рече дека проектот треба да придонесе за подобрување на меѓународната стратешка и оперативна соработка, како и за унапредување на размената на информации и на разузнавачки сознанија во италијанскиот град Трст.
– Треба да се поттикне употребата на современата технологија за комуницирање и механизмите за заштита на податоците, усогласени според стандардите на ЕУ – рече министерот Спасовски.
Проектот се реализираше како регионален проект ИПА 2014, а како негов носител од страна на ЕК беше назначено италијанското министерство за внатрешни работи и е наменет за полициите на Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и на Босна и Херцеговина.