fbpx

Криминалецот Авди Зенели уапсен пред Нова година

-

Во организирана акција на СВР Куманово и на Централните полициски сили (ЦПС), завчера во раните утрински часови бил уапсен кумановецот Авди Зенели(47), познат криминалец, кој се барал со централна потерница за издржување доживотна затворска казна, соопшти МВР.

Акцијата била спроведена по претходно добиени оперативни информации.

Како што информираат од полицијата, уапсениот Зенели е сторител на убиството на гостиварецот Зеќир Зеќири (46), кое што се случи на 9 ноември 2013 година во скопската населба Чаир. Тој го застрелал Зеќири со пет куршуми од пиштол. Тој е сторител и на три обиди за убиство, од кои првиот е кон крајот на февруари 2003 година на локалниот пат Куманово – село Речица, кога со пиштол со калибар 9 милиметри стрелал во жител на селото Лојане.

Вториот обиди за убиство, според МВР, Зенели го извршил во ноември 2003 година, кога истрелал осум куршуми кон лице од Куманово, од кои три завршиле во неговото тело. Во септември 2009 година, тој се обидел да убие уште еден кумановец, во кого истрелал 12 куршуми, исто така калибар 9 милиметри, нанесувајќи му пет огнострелни рани.

Од МВР додаваат дека против Авди Зенели во периодот од 1999 до 2008 година биле поднесувани пријави за повеќе кривични дела, како недозволено изработување, држење и тргување со оруже или распрскувачки материи, неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанции и прекурсори, изнуда, злосторничко здружување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....