fbpx

Кренете го својот глас против загадувањето, порачуваат еколошките здруженија

-

В понеделник, во 17 часот, пред Влада, повеќе од 20 еколошки здруженија ќе протестираат против загадувањето на воздухот и ќе побараат од надлежните институции да преземат итни, краткорочни и среднорочни мерки.

– Светската здравствена организација излезе со истражување дека воздухот што го дишеме е канцероген. Ние, како еко-активисти, сме револтирани и ги повикуваме граѓаните да дојдат в понеделеник, во 17 часот, и да го кренат својот глас против загадувањето и да испратиме порака до надлежните да бидат сериозни и сериозно да го сфатат проблемот, а не да го релативизираат – вели Игор Новевски од граѓанската иницијатива „Скопје смог аларм“.

Александра Бујаровска од „Фронт 21-42“ вели дека е неприфатливно во 21 век да чекаме дождот или ветрот да нè спасат од аерозагадувањето поради неспретноста и неодговорноста на институциите.

– Имаме повеќе мерки што се однесуваат на изворите на загадување и кои се апликативни за сите градови. Дел од мерките се краткорочни и се однесуваат на сообраќајот, на индустриските капацитети, на секторот градежништво, а дел се среднорочни и долгорочни мерки, кои се однесуваат на зеленилото во урбаните центри, на енергетската ефикасност и на обновливите извори на енергија. Мерките ќе бидат презентирани в понеделеник и ќе можат да бидат поднесени до надлежните општини – вели Бујаровска.

Илија Балтовски од здружението „За нас се работи“ од Битола апелираше до Владата проблемот со загадувањето на воздухот да го разгледа како приоритетен. Доколку ситуацијата не се промени, од невладините организации велат дека се подготвени да ги блокираат сите градови што имаат проблем со аерозагадувањето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...