fbpx

Кремљ: Главна мета на „Панама пејперс“ е Путин

-

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, рече дека главна мета на протечените податоци од аферата „Панама пејперс“ е рускиот претседател, но оти тој не е вмешан во какви било незаконски активности.

Во документите што ги објавија повеќе од 100 светски медиуми се наведува дека пријатели на Путин се вклучени во офшор-шемата.

Според Песков, целта на објавувањето на овие податоци е да се влијае на стабилноста на Русија и на парламентарните избори, закажани за септември годинава.

Песков рече дека меѓународните медиуми погрешно се фокусирале на Путин, наместо на другите светски политичари, иако тој не е вмешан во никакви незаконски активности.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...