fbpx

Кредитната агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на „ББ +“

-

Кредитната агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на РС Македонија на „ББ +“, со негативен изглед, информираат од Министерството за финансии. Како што нотира агенцијата, рејтингот на земјава е поддржан од доброто владеење, позитивната бизнис клима, како и кредибилната и кохерентната макроекономска и финансиска политика конзистентна со долготрајниот фиксен девизен курс.

Aгенцијата предвидува годинава да се постигне економски раст од 3,9 проценти, и 4,3 проценти во 2022 година, при што истиот главно ќе зависи од пандемијата во земјава и главните извозни пазари.

Кредитниот рејтинг на една земја го покажува степенот на ризик од инвестирање во една земја, и е еден од клучните индикатори кои потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носење на нивните одлуки.

Оценките на кредитните агенции влијаат на одлуката на инвеститори кои размислуваат за инвестирање во регионот. Кредитниот рејтинг позитивно влијае врз одлуките за инвестирање во една земја, што понатаму уште повеќе ќе влијае за повисок економски раст, повисок извоз, повисока вработеност и повисоки плати, велат од Министерството за финансии.

„Потврдата на кредитниот рејтинг на државите во време на пандемија исто така влијае и на намалување на трошоците за долгот на државата, со што се постигнуваат заштеди во каматите“, се наведува во соопштението на ова министерство.

Од Министерството за финансии велат дека негативниот изглед во потврдениот кредитен рејтинг е одраз на надолните ризици на јавните финансии и економскиот раст на краток рок, првенствено, поради пандемијата предизвикана од корона вирусот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...