Кратки „гејминг” вести со трејлери: WoW, Spiderman, Sonic, Stray, Diablo…

Скриншот од Steam за играта Stray
Скриншот од Steam за играта Stray

Најнови „гејминг“ вести што ги опфаќаат игрите Спајдермен 1 и 2, Diablo Immortal, WoW, Stray, FFXVI, Sonic Frontiers со трејлери и кратки коментари:

1. Spiderman

Иако претходно категорички беше најавено дека најновите две Спајдермен игри ќе бидат екслузиви само за Sony PlayStation 4 и 5 и дека никогаш нема да бидат пуштени за PC, мислењето на нивните девелопери Insomniac Games тотално се смени и уште на 12 август годинава можеме да ja очекуваме првата Спајдермен од PS5 на PC на платформите Steam и Epic Games со додавка Remastered. 

Повеќе на тема Спајдермен може да прочитате во наш претходен напис каде се зборува за Спајдермен 2 со Мајлс Моралес што исто така ќе дојде на PC.

2. Diablo Immortal

Diablo Immortal штотуку излезе за мобилни телефони и од непознати причини PC верзијата е во бета тестирање, но може да се игра и да се прават микротрансакции. Играта е најавена во наш неодамнешен напис. Секако дека можете да ја играте оваа игра и без да трошите вистински пари на неа. Но, без адекватна опрема не можете да го победите последниот главен, а таа опрема според пресметките на Youtube-ерите е во вредност од илјадници долари и скоро невозможна за достигнување со играње. Оваа игра најпрво ги разочара играчите со својот изглед, а потоа и со нејзиното маркирање како тотална “pay to win” игра.

3. World of Warcraft

Новоста во WoW е што најновиот пач наречен “Shadowlands: 9.2.5. Content Update”  овозможува Хордата и Алијансата да се групираат заедно за Dungeons, Raids и PvP. Пачот е веќе објавен и функционален во играта. Со време бројот на играчи во WoW почна да опаѓа и се смета дека ова е начин да се задржат играчите што играат со повеќе опции за зближување на пријатели што играат различни фракции и да се задржат „сабскрајберите“ и да се повлечат назад во игра и оние кои се неактивни моментално.

Исто така, во овој најнов пач има и анимации со повеќе приказна како и нов изглед за сите елфови (вклучувајќи ги Blood Elf, Night Elf и Void Elf). Станува збор за Dark Ranger изгледот со црвени очи и блед тен на кожата како Sylvanas Windrunner што се отклучува по кратко „квестање” што почнува во Oribos главниот град во експанзијата.

Специфично за најиграната раса и воедно класа на WoW, а тоа е несомнено “Blood Elf Paladin”, има и соодветен скин за оклоп наречен Blood Knight’s Dedication што се отклучува со играње. За уште повеќе специфични работи во овој „апдејт“ можете да ги видите целосните белешки

4. Stray

Во оваа уникатно интересна игра играте со улична мачка што шета низ „Сајберпанк“ град. Играта е во трето лице и ја гледате мачката од грб додека играте. Има секакви предизвици и загатки како да не бидете приметени и да избегнувате пречки, со криење брзо движење и скокање препреки. Нивото на графика е впечатливо и темата е интересна а самата игра ја подигнува грижатаа за животните „скитници“ односно „уличните” мачки. Овде „уличната“ мачка е „мешанче“ со неодредна раса што ја прави уште поуникатна. Целта на оваа игра е, пред сè да се создаде емпатија кон животните кај децата што ќе ја играат. Играта излегува на 19 јули на Steam

5. Final Fantasy 16 (FFXVI)

Иако има нов трејлер за оваа игра, повторно приказната се врти околу избраниот јунак којшто ги победува таканарачените Primals (змејови и титани што преставуваат различни елементи) што се закануваат дека ќе го уништат светот. Но, овојпат со апдејтирана акција и динамичен комбат. Повеќе за овој тип на игра можете да прочитате во наши претходни написи: првиот и вториот на тема Final Fantasy игри каде приказната е секогаш слична со претходните делови со мали варијации. 

6. Sonic Frontiers

Sonic the Hedgehog, овој пат како најнова open world игра, каде акцијата се одвива со огромна брзина и епски пејзажи. Светот каде трчате е одлично направен со прекрасна природа, а специјалните движења ја прават играта попривлечна. Ова е можеби најдобрата игра со Sonic направена досега, сè уште нема конкретен датум кога ќе излезе, но е планирана за годинава. Повеќе за ликот на Sonic можете да прочитате во наш претходен напис.