Кратки Гејминг Вести: Elden Ring е одложена на кратко, Blizzard вработува нов мод за Hearthstone наречен Mercenaries

Скриншот од играта Hearthstone
Фото: Близард

Elden Ring е одложена и наместо во јануари 2022, ќе биде достапна на 25 февруари 2022 година. Но, во меѓувреме ќе се одржи бета евент што почнува во ноември за којшто сите што сакаат може да се пријават и да ја испробаат играта предвреме. 

Близард отвори поголем број огласи за работа и бара што повеќе нови работници. Претежно се бараат ИТ луѓе или професионалци за правење игри како левел дизајнери, тестери на игри, дизајнери на квестови, графички дизајнери и слично.

Во меѓувреме што се однесува до тужбата што ја имаа за сексуално малтретирање, Близард направи спогодба и плати 18 милиони долари за фонд за „засегнатите странки“, но тоа не е крај на нивните проблеми со тужби бидејќи тужбата на федерално ниво што ги засега акционерите уште не е решена.

Исто така излезе и најновата „Игра во Игра” или мод за Hearthstone, најпопуларната игра со карти на Близард, што се вика Mercenaries. Се работи за мод кој што не користи ништо од картите што ги имате досега, но го користи истото „злато“ од Hearthstone за отклучување херои. Играта е едноставна и преку неа можете да отклучите mount во World of Warcraft само ако го поминете туторијалот.