fbpx

Коѕиас ќе го покани Димитров на средба во Атина, бара консензус и компромис

-

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, вчера најави дека по изборот на новата влада ќе го покани во Атина министерот за надворешни работи, Никола Димитров, за да се интензивира соработката меѓу двете земји, но и за да се најде решение за билатералните проблеми.

– Неколкупати разговарав со господинот Заев и, како што реков денеска, откако ќе биде изгласана довербата на новата влада во Собранието, ќе го поканам мојот колега, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во Атина, за да разгледаме начини за интензивирање на соработката, но исто така да ги решиме сите дамнешни проблеми релативно и во духот на демократски консензус. Како што знаете, им кажувам и на моите студенти, како и во министерството, дека приказната мора да биде училиште, а не затвор. И ние сакаме нашиот сосед да го извадиме од затворот во кој сам се стави и да разбере дека дел од европската култура е културата на консензус и на компромис и во внатрешната политика и во соседството – изјави Коѕиас на заедничката прес-конференција со неговиот хрватски колега, Давор Иво Штирер.

Сепак, тој истакна дека потребно е да се најде решение за името за да се олесни перспективата на Македонија.

– За нашиот северен сосед, како што велам некогаш на шега, е важна унитарноста, интегритетот и стабилноста и сите соседни држави треба да придонесат да се обезбеди подобра иднина за самата држава. Нашиот став, со кој не се согласуваат сите, е дека решението на спорот за името на креативен и на демократски начин ќе придонесе и ќе ја олесни идната перспектива на оваа држава – рече Коѕиас.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Студентот Филип Алчевски победи на хакатонот за зелено инженерство

Филип Алчевски со темата „Иновативни употреби на летечката пепел за одржлив развој“, е победник на хакатонот за зелено инженерство, кој се одржа на Технолошки-металуршкиот факултет (ТМФ). Второто место го освои...