Ковачевски: За јазикот и идентитетот не преговараме, решението да содржи гаранција дека нема да има други барања од Бугарија

-

Премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање во рамки на Преспа форумот во Охрид, рече дека нашите позиции во спорот со Бугарија се многу јасно дефинирани и нема да се разговара за македонскиот јазик и идентитетот. Исто така, тој посочи дека решението на спорот треба да содржи гаранции дека нема има други барања од страна на Бугарија.

„Јас ги кажав нашите позиции, тие се многу јасно дефинирани и во нашето Собрание до кое што се придржуваме. Нема разговори за македонскиот јазик, идентитет и решението треба да содржи севкупно решение и гаранции дека со ова веќе нема да постојат никакви други барања во однос на нашето понатамошно напредување во интеграцијата на ЕУ”, рече Ковачевски.

Како што додаде тој, самиот предлог за почеток на преговорите, односно одржувањето на првата меѓувладина седница, го даваат земјите членки на ЕУ, бидејќи ние сме земја која што сака да се зачлени во ЕУ.

“Врз основа на предлогот кој што тие го имаат, односно ќе го усогласат, бидејќи очигледно тој не е усогласен на ниво на сите земји на ЕУ, бидејќи Бугарија е земја членка на ЕУ, кога ќе биде подготвен тој документ, ќе биде доставен до нас. Тогаш нормално дека ние ќе ги дадеме нашите забелешки“, рече Ковачевски.

Над 1000 деца од Тетово уживаа во изведба на бајката „Петар и волкот“ на два јазика

Над 1000 деца од Тетово уживаа во двете изведби на симфониската бајка „Петар и волкот“ на македонски и албански јазик. Националната установа „Музички Ансамбл” Тетово го реализираше вториот проект...